Connect with us

Јувентус и Лацио ќе си разменуваат фудбалери

Јувентус и Лацио во јануари ќе разменат двајца играчи, дознава „Спорт Медијасет“.

Маурицио Сари, тренерот на „сините“ не е задоволен од однесувањето на Луис Алберто во клубот, па сака да се ослободи од него.

Од друга страна, Артур Мело не покажа зошто е доведен во Јувентус, па се појавија информации дека клубовите ќе ги разменат овие двајца играчи.

Артур минатото лето пристигна од Барселона, додека Луис Алберто повеќе од пет години е стандарден член на Лацио, каде дојде од Ливерпул.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови