Бразилскиот фудбалер Артур се уште е далеку од позајмица од Јувентус во Арсенал, а причината е што двата клуба не можат да постигнат договор за должината на позајмицата.
Арсенал има намера да го донесе Артур на позајмица до крајот на сезоната, додека Јувентус е за опција Бразилецот да биде на „Емирати“ и во следниот шампионат.
На Арсенал не му се допаѓа оваа опција, па поранешниот играч од средниот ред на Барселона и на Гремио речиси сигурно ќе ја заврши и втората сезона во торинскиот гигант.
Засега нема ништо и од заминувањата на Арон Ремзи и Родриго Бентанкур, а во преден план е позајмица за Дејан Кулушевски на кого Јувентус исто така сака да му пронајде друг клуб.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија













