Техничкиот директор на Јувентус, Кристијано Џунтоли, ја исклучи можноста за смена на тренерот по шокантното испаѓање од Купот на Италија против Емполи по изведување пенали.
„Целосно се согласуваме со тоа што го кажа тренерот – нашата игра беше неприфатлива. Разговаравме со играчите и сите сме свесни дека мораме да дадеме повеќе за да ја оствариме главната цел – пласман во Лигата на шампионите. Тренерот не е под закана. Убедени сме дека проектот што го започнавме летоска е важен и дека наскоро ќе ни донесе резултати. Затоа, воопшто не се дискутира за Тијаго Мота“, изјави Џунтоли за „Скај Спорт“.
„Овој меч беше необјаснив, особено по серијата победи. Секако дека сме разочарани, но веруваме дека сме на вистинскиот пат. Тијаго Мота сакаше да ја разбуди одговорноста кај играчите со своите изјави. Направивме промени во тимот, донесовме нови засилувања и сигурни сме дека тие ќе ни помогнат. Клубот секогаш носи одговорност за тоа што се случува“, додаде Џунтоли.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Млади репрезентации
Македонија до 19 години на елитни квалификации во Португалија
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













