
Италијанскиот првак Јувентус би можел да направи радикален чекор назад и да го врати Масимилијано Алегри на клупата. По ремито во торинското дерби „старата дама“ и дефинитивно се збогува со одбрана на титулата, тимот веќе е елиминиран и од Лигата на шампионите, а Андреа Пирло не се снаоѓа најдобро во новата улога на клупата на Јуве.
Поради ова, како што наведува „Тутоспорт“, медиум кој важи за блисок до Јувентус, клубот би можел по дербито со Наполи да го врати Масимилијано Алегри на клупата. Тој се уште е под договор со Јувентус, а во Италија тоа значи и дека клубот има право веднаш да го врати на кормилото. Пирло би останал до Алегри, но соблекувалната би добила на цврстина со враќањето на искусниот стратег кој донесе многу титули.
„Многу сме предвидливи, играта не е според тоа што јас го посакувам. Ќе мораме многу да менуваме во наредниот период“, изјави Андреа Пирло по ремито (2-2) со Торино.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ардон Јашари потпишува за Милан

Прва лига
Брера се засили со Босанецот Макиќ

Интернационалци
Игор Ангеловски ќе биде тренер на Приштина?
