Даглас Луиз пропушти 15 натпревари оваа сезона поради повреди, што го спречува да добие вистинска шанса во Јувентус.
Бразилецот се приклучи на торинскиот гигант минатото лето со трансфер вреден 50 милиони евра од Астон Вила, но бројни проблеми со кондицијата го принудуваат да ги гледа натпреварите од клупата.
Овој играч за врска имаше тежок почеток на сезоната, дури и без повреди, бидејќи беше во стартниот тим на Јувентус само двапати во првите осум кола од Серија А.
Првите проблеми со повредите започнаа на есен кога Давид Луиз пропушти 10 натпревари поради мускулни проблеми, вклучувајќи го и гостувањето во Лигата на шампионите против својот поранешен клуб Астон Вила.
Се врати на теренот против Венеција, но мораше да одмори на следниот натпревар против Монца. Нови мускулни проблеми го принудија да ги пропушти последните дуели против ПСВ и Интер.
Минатиот викенд се врати како замена против Калјари, но го напушти теренот по само 20 минути. Поради нова повреда, нема да биде достапен пред репрезентативната пауза во март.
Даглас Луиз во својата кариера ги носеше и дресовите на Васко да Гама, Манчестер Сити и на Џирона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Млади репрезентации
Македонија до 19 години на елитни квалификации во Португалија
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













