
Италијанскиот калчолигаш Јувентус денеска доби нов претседател, Џанлука Фереро. Откако синоќа се случи голем шок и оставки поднесоа сите членови на раководството на Јувентус, од денеска се формира нова управа предводена од Фереро.
Тој досега беше менаџер на компанијата „Ексор“ која е под контрола на семејството Ањели, па нивната рака секако ќе продолжи да владее со клубот.
Фереро е докажан фан на Јувентус, објаснуваат од компанијата „Ексор“, а тоа го прави вистински наследник на Андреа Ањели. Тој е ревизор, беше задолжен за целата документација во „Ексор“, но тоа не треба да биде крај на проблемите на Јувентус.
Имено, за „старата дама“ на финансиски план ќе следи предизвикувачки период. Вчера беше одржан состанок и со Алегри, за кого не би било изненадување да си замине од клубот, иако тоа е помалку веројатна опција.
Имиња како Алесандро дел Пјеро и Џорџо Кјелини се очекува да добијат свои функции во клубот во форма на почесни претседатели или некои други спортски улоги.
Ањели, Недвед и Аривабене решија да го напуштат клубот за да може истрагата да се одвива непречено поради нивното катастрофално менаџирање на финансиите.

-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Сонот на Меси, страста на Мароко и демократијата на Катар
Светското првенство функционира секогаш и секаде. Нема ништо слично, тоа е најразновидниот настан во...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Играат добро, ама бадијала – ако не победуваат!
Каде бевте? На натпревар. Што направивте? Игравме добро. Не, не, што направивте? Резултат…Загубивме. Ама,...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Роналдо ќе се врати да игра во Европа“

Евро-фудбал
Херта му даде отказ на Фреди Бобич

Евро-фудбал
Шкриниар потпишал за ПСЖ

Интернационалци
Виктор Ангелов потпиша за Глорија Бузау

Евро-фудбал
На „Камп Ноу“ стравуваат за повредата на Дембеле

Евро-фудбал
Монако ја прекина серијата на Марсеј (ВИДЕО)

Втора лига
Пелистер подобар од Караорман на првиот тест

Евро-фудбал
Валенсија сака да го доведе Саул Нигез

Евро-фудбал
Гвардиола: Каква сезона има Нејтан Аке!

Евро-фудбал
„Роналдо ќе се врати да игра во Европа“

Евро-фудбал
Сити го исфрли Арсенал од ФА купот (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Кејлор Навас оди на позајмица во Нотингем Форест

Евро-фудбал
Рома му постави ултиматум на Заниоло

Евро-фудбал
Монако ја прекина серијата на Марсеј (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Аталанта подобра од Сампдорија (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Педри донесе триумф за Барса (ВИДЕО)

Интернационалци
Убав гол на Барди, пораз на Трабзонспор (ВИДЕО)
