Connect with us

Јуве го среди Торино, а го доби назад и Погба (ВИДЕО)

Јувентус го доби градското дерби против Торино со 4-2 и се уште живее во надеж дека може и до пласман во ЛШ, иако четвртопласираниот Лацио е оддалечен десет бода. По долга пауза на теренот се врати и Пол Погба.


Јан Карамо во втората минута донесе водство за Торино, но израмни Хуан Квадрадо во 16.минута.
Торино и вторпат имаше предност откако погоди Антонио Санабрија во 43.минута, а Данило не дозволи Јувентус да има негатива на полувремето.

Во вториот дел, Бремер во 71.минута се погрижи за пресврт, а Адриен Рабио во 81.минута го постави конечниот резултат на градското дерби.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови