Никлас Фулкруг нема да биде единствениот напаѓач кој ќе го напушти тимот на Борусија Дортмунд ова лето. Јусуфа Мукоко одлучил да ја продолжи кариерата во Олимпик Марсеј.
19-годишниот напаѓач на „жолто-црните“ ќе биде позајмен за наредната сезона со опција за откупување на договорот. Преговорите меѓу двата клуба не се завршени и продолжуваат и во текот на денешниот ден.
Интересот за Мукоко е голем, тој добил понуди од повеќе клубови од Европа, но на крајот се одлучил за францускиот тим.
Сериозната конкуренција во Борусија Дортмунд ги ограничи настапите на талентот минатата сезона на 758 минути во сите натпреварувања. Тој постигна шест гола, од кои пет беа во Бундес – лигата.
Никлас Фулкруг се сели во Вест Хем. Дополнително, клубот го напуштија Марко Ројс и Џејдон Санчо. Засега, во Борусија Дортмунд доведоа само едно ново засилување во нападот, Серху Гираси од Штутгарт.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Тотенхем сака да го купи Мејсон Гринвуд
Евро-фудбал
Јувентус се договорил со Спалети
Интернационалци
Растодер стрелец за Тун, Столе Димитриевски бранеше за Валенсија
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)













