
На 06.06.2023 г. во Спортско рекреативниот центар „Хиподром“ и ресторанот „Потковица“, се одржа „Junior Day”, настан на кој присуствуваа над 300 деца од цела Македонија, заедно со своите родители, вработени во компаниите на СЛ Холдингот: Спорт Лаиф, Златна Копачка, Спорт Лаиф Гејминг и БЕТ О2 и на компаниите ЏС Актуел и Ј.Е.С Глобал.

„Овој заеднички настан претставуваше незаборавен ден за сите нас. Тој преминува во традиција и секојпат е исполнет со рекреативни и забавни активности, натпревари и голем број награди. Но, секоја година е посебна по нешто. Децата овојпат имаа можност да јаваат на преубавите пони коњчиња Ромео и Јулија, а крајот на настанот беше збогатен со наградна лотарија. Се извлекуваа бројни подароци за децата – таблети, тротинети, скироли, фудбалски топки, пикада, велосипед и други награди. Видовме многу возбудени и среќни дечиња, а на најсреќното од нив, кое беше од Велес, му припадна главната награда – велосипедот“ – истакнаа организаторите од „Спорт Лаиф“.

„Junior Day” е ден за заедничка средба вон работните места и ден за одлична забава за вработените и нивните најмили, оваа година тоа го видовме во природата и убавините на Спортско рекреативниот центар Хиподром, а за следната подготвуваме нови изненадувања.
Уверете се и сами преку видеото на следниот ЛИНК.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Родриго пред трансфер во Манчестер Сити
