Connect with us

Јунајтед започна преговори со Бруно Фернандеш за нов договор

Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед започна преговори за продолжување на договорот со играчот од средниот ред Бруно Фернандеш. Португалскиот интернационалец стана носител на играта на тимот од „Олд Трафорд“ и раководството на клубот сака да го награди со нов договор и зголемување на годишната плата.

Двете страни разговараат за продолжување на договорот уште од минатата недела. Се планира новиот договорот да биде со важност до крајот на јуни 2026 година.

Вчера, на првиот натпревар на Манчестер Јунајтед во сезоната 2021/22, Бруно Фернандеш постигна хет – трик против Лидс во триумфот од 5-1.

Договорот на актуелниот фудбалер важи до крајот на јуни 2025 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови