Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед има конкретни цели за претстојниот летен преоден рок и тргна во реализација на трансферите. Менаџерот Оле Гунар Солскјер сака да ги види во својот тим Џејдон Санчо, напаѓачот на Борусија Дортмунд, и дефанзивецот на Реал Мадрид, Рафаел Варан.
Информаците од Островот велат дека раководството на „црвените ѓаволи“ е во напредна фаза и со двата трансфера. Наводно, веќе се договорени личните услови со Џејдон Санчо, а во наредниот период ќе следат и преговори со Борусија Дортмунд околу отштетата. Јунајтед е подготвен да плати 90 милиони евра.
Рафаел Варан му најави на Реал Мадрид дека е презаситен од средината, веќе една деценија е меѓу „кралевите“ и сака да замине, а негова желба е да го облече дресот на Манчестер Јунајтед. Со него работата треба да оди многу побрзо околу склучување на зделката.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













