Connect with us

Јунајтед, Ливерпул и Челси во трка за потписот на Мекалистер

Аргентинскиот репрезентативец Алексис Мекалистер сигурно ќе го напушти Брајтон на крајот на сезоната. За него има интерес од најголемите клубови во Премиер – лигата, а три од нив се сериозно во трката и ја чекаат можноста за негов потпис – Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Челси.


Клубот од „Стемфорд бриџ“ е последниот кој се вклучи во редот за Мекалистер, откако Ливерпул и Манчестер Јунајтед подолг период се обидуваат да го доведат.

Мекалистер блесна во дресот на Аргентина на Светското првенство во Катар, а игра одлично и за Брајтон во Премиер – лигата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови