
Во пресрет на натпреварот Лихтенштајн – Македонија (22. март, Вадуц), воведен од квалификациите за Светското првенство 2026, македонскиот репрезентативец Јован Манев зборуваше за претстојниот предизвик, но и за тешките моменти низ кои поминува тој и целата нација по големата трагедија што ја потресе јавноста.
Со емоции, тој истакна дека доколку добие шанса ќе даде сѐ од себе на теренот, посветувајќи го настапот на оние кои повеќе не се со нас.
„Ова се многу тешки денови за мене и за сите нас. Изгубив, изгубивме сите блиски пријатели, но тие би сакале да продолжиме и да бидеме овде, да се бориме за нашата земја, за нашата репрезентација. Ќе ни недостасуваат засекогаш и никогаш нема да бидат заборавени и затоа ако ми се укаже шанса, исто и на моите колеги, ќе го дадеме максимумот за сите нив. Во чест на нив. И ова е шанса да покажеме карактер и сплотеност сите заедно и така да постигнеме резултати, најпрво за нив“, изјави емотивно Јован Манев.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Евро-фудбал
Капитенот на Тотенхем потпиша договор до 2029

Интернационалци
Чедомир Јаневски нов тренер на кипарскиот клуб Красава

Евро-фудбал
Витиња извлече победа за ПСЖ кај Нант (ВИДЕО)
