Connect with us

Јоаким Лев со полна брзина: Гнабри – Сане – Хаверц, во нападот на Германците

Германија е испречена пред македонскиот национален тим во третото коло од квалификациите за СП 2022 во Катар. Селекторот Јоаким Лев има на располагање „страшна“ селекција, еден неверојатен избор на фудбалери од најдобрите клубови во Бундес-лигата и од Премиер – лигата.

Најави ротации, но Јоаким Лев сепак ќе извади супер-силен состав на Германците на вечерашниот меч против Македонија. Во нападот се очекува да бидат распоредени Серж Гнабри – Лирој Сане и Каи Хаверц. Лев бара полна брзина во играта.

„Тоа е трио кое нуди полна брзина во играта. И треба добро да ги воиграме за Европското првенство. Верувам дека можат да понудат многу. Сакаме максимален ефект и треба да го искористиме добриот старт за да го одиграме и мечот против Македонија со полн залет“, вели селекторот на германскиот национален тим, Јоаким Лев.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови