Connect with us

Јоаким Лев го објави списокот на Германија за ЕП: Се врати Томас Милер, откажа Марко Ројс

Селекторот на фудбалската репрезентација на Германија, Јоаким Лев, го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за Европското првенство. Нашиот ривал во квалификациите за мундијалот во Катар секогаш има врвни амбиции на најголемите натпреварувања, па и сега од Лев ќе се бара титула – или ништо друго.

Во селекцијата на „панцирите“ се врати искусниот Томас Милер од Баерн Минхен, а покрај него Лев се одлучи да ги врати и Матс Хумелс и Кевин Фоланд.

На списокот е и Тони Крос од Реал Мадрид, потоа Илкај Гундоган, Тимо Вернер, Каи Хаверц, Лирој Сане…Единствено се откажа Марко Ројс кој во консултација со селекторот Јоаким Лев одлучи да апстинира од ова натпреварување за да може одморен да ја дочека новата сезона во Бундес – лигата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови