
Германија е следниот предизвик на фудбалската репрезентација на Македонија во квалификациите за СП 2022 во Катар. Големиот фаворит во групата забележа две победи во првите две кола, Исланд (3-0) и Романија (0-1), се уште нема примено гол и очекува триумф и дуелот в среда во Дуисбург.
„Одиме во посакуваниот правец, да ја победиме и Македонија и да имаме ’три од три’ по првата сесија од квалификацискиот циклус за СП. Потоа можеме да се фокусираме на подготовките за Европското првенство“, изјави Јоаким Лев.
Тој не беше најзадоволен со реализацијата на шансите на напаѓачката линија на мечот во Букурешт и најави неколку промени во селекцијата за мечот против Македонија.
Нашата фудбалска репрезентација со чартер лет околу 10 часот ќе отпатува за Германија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal