
Англискиот премиерлигаш Ливерпул будно ја следи ситуацијата со Маркус Рашфорд во Манчестер Јунајтед. На менаџерот Јирген Клоп му се допаѓаат квалитетите на крилниот напаѓач и со задоволство би работел со него на „Енфилд“. Раководството ќе се обиде да го доведе во летниот преоден рок, со оглед дека тој не е задоволен од минутажата што ја добива кај Ралф Рангник.
Сепак, неизвесно е дали самиот Рашфорд би прифатил понуда од Ливерпул, ако се знае дека е роден во Манчестер и од мали нозе е навивач на „црвените ѓаволи“. Во Англија се смета за велепредавство да се оди кај „големиот непријател“.
Маркус Рашфорд има договор со Манчестер Јунајтед до летото 2023 година, а клубот има опција автоматски да го продолжи на уште една година. Пред летниот преоден рок сигурно ќе следат разговори меѓу фудбалерот и челниците на клубот, а Ливерпул секако ќе си ја испроба среќата со официјална понуда.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир
