Македонскиот првак Шкендија утре (18.45 часот) го пречекува словачкиот тим Слован Братислава во петтото коло од групната фаза на Конференциската лига.
Тренерот Јетон Беќири смета дека Слован Братислава е мошне квалитетен тим, кој лани играше и во ЛШ, но верува дека Шкендија може да стигне до позитивен резултат.
„Мислам дека ова е претпоследната шанса за Шкендија кога станува збор за пласман во кругот од 24 екипи кои ќе продолжат понатаму. Јас сум на мислење дека имаме противник со исклучително висок квалитет, кој лани играше и во групната фаза од Лигата на шампионите, но секогаш кога играме дома, кога играме во Скопје, имаме позитивни настапи. И против екипата на Слован Братислава се надевам дека тимот ќе се претстави на најдобар можен начин и сум високо уверен дека ги имаме сите предуслови и можности да обезбедиме резултат кој потоа, во последниот натпревар, ќе ни даде комоција да се пласираме меѓу 24-те најдобри екипи“, изјави Јетон Беќири.
Тој вели и дека игрите на тимот беа подобри од бодовниот ефект што го оствари Шкендија.
„Ова е историско издание за нас. Мислам дека во четирите одиграни натпревари, екипата доби помалку отколку што прикажа на терен. Конкретно, мислам на последните два натпревари — според моето мислење, заслуживме нешто повеќе во однос на бодовите. Но, таков е фудбалот, во одредени моменти имаме среќа, во други моменти и среќата може да нè казни. Она што е важно е дека сè уште сме во игра за пласман. Важно е што Шкендија и во средината на декември игра во европските купови. Треба да направиме сè што можеме за да оствариме што е можно подобри резултати во овие два натпревари што ни остануваат“, истакна Јетон Беќири.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Селекторот Капинковски го објави списокот на играчи за дуелите со Црна Гора
Втора лига
Жоглев ја засили Шкендија Арачиново
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













