Connect with us

Јан Зомер се согласил за трансфер во Интер

Голманот на Баерн Минхен, Јан Зомер, се согласил да се пресели во Интер. 34-годишниот швајцарски голман веќе ги договорил личните услови со Италијанците. Сега останува двата клуба да се усогласат меѓусебно, а Зомер и Баерн имаат џентлеменски договор дека нема да има поголеми проблеми околу трансферот.


Швајцарецот има отштетна клаузула од 6 милиони евра, но Интер сака да плати помалку.

Зомер пристигна во Баерн на трансфер од Борусија Менхенгладбах во зимскиот преоден рок. Тој беше доведен како замена за Мануел Нојер, кој се повреди на скијање.

Со враќањето на Нојер, сепак, Зомер е свесен дека најверојатно ќе биде резерва и во оваа фаза претпочита да се пресели во тим каде што ќе има поголеми шанси да биде стартер.

За Баерн одигра 19 натпревари и прими 25 гола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови