Ламин Јамал ќе го пропушти неделниот натпревар против Севилја. Според соопштението на Барселона, крилниот напаѓач повторно чувствува проблеми со препоните и нема да биде подготвен за дуелот на „Санчес Пижуан“.
Засега е неизвесно дали ќе настапи и на натпреварите против Џирона и Олимпијакос во ЛШ. Во клубот најавуваат пауза од околу две до три недели, што значи дека ќе ги пропушти и мечевите на шпанската репрезентација, откако утрово доби повик од селекторот Де ла Фуенте.
Крилниот напаѓач денеска не тренираше, иако многумина од оние кои стартуваа против ПСЖ останаа во теретана. Јамал сè уште има проблеми во пределот на препоните.
Оваа повреда предизвика тензии меѓу стручниот штаб на репрезентацијата на Шпанија и тренерот на Барселона, Ханси Флик. По враќањето од претходната репрезентативна пауза, Флик бил лут и го обвини националниот тим дека го принудил да игра и покрај непријатностите.
Поради проблемите со препоните, Јамал претходно ги пропушти натпреварите против Валенсија, Хетафе, Њукасл и Овиедо, а се врати на теренот со половина час против Реал Сосиедад. Во среда одигра цели 90 минути во Лигата на шампионите против ПСЖ, но сега повторно е во рацете на медицинскиот тим на Барселона.
Поради сè наведено, Јамал во сабота нема да патува со Барселона и нема да ги извршува репрезентативните обврски за време на оваа пауза.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













