Капитенот на францускиот национален тим, Килијан Мбапе, не доби повик за претстојните два последни натпревари на „триколорите” од групната фаза на Лигата на нации. Селекторот Дидие Дешамп објасни дека напаѓачот сакал да биде повикан, но тој одлучил тоа да не се случи.
Пред еден месец, за претходните натпревари на националните тимови, Мбапе исто така не беше дел од списокот. Но, тогаш тоа беше на негово барање.
Уште летово, голгетерот побарал од Дешамп да не го повикува за септемвриските или октомвриските натпревари, за да има време побрзо да се адаптира на промените во својот живот поврзани со трансферот во Реал Мадрид.
„Имав неколку разговори со Килијан,“ коментираше Дешамп денес. „Размислував за тоа и на крајот ја донесов оваа одлука, бидејќи сметам дека така е подобро. Можам да ви кажам дека Мбапе сакаше да биде со нас, и дека одлуката е само за овој собир и претстојните два натпревари. Не сум тука за да ми кажуваат фудбалерите дека сум најубавиот.“
Од претходната пауза до сега, Мбапе одигра четири натпревари за Реал, на кои постигна еден гол и забележа една асистенција.
Французите ги очекуваат натпревари против Израел (14 ноември, Париз) и против Италија (17 ноември, Милано). Тимот се бори со „аѕурите” за првото место во групата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ гостува кај омилената жртва
Евро-фудбал
Модриќ: Милан мора да победува ривали како Пиза













