Connect with us

Избран е идеалниот тим за 2024 година

Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (ИФФХС) го објави најдобриот тим за 2024 година.

ИФФХС постојано објавува интересни статистички податоци, а сега, на крајот од годината, ја објави најдобрата екипа за 2024 година според нивниот избор. Екипата е поставена во формација 4-3-3, а избраните играчи се: Емилијано Мартинез – Дани Карвахал, Рубен Дијаш, Антонио Рудигер, Алфонсо Дејвис – Џуд Белингам, Родри, Тони Крос – Ламин Јамал, Ерлинг Халанд, Винисиус Жуниор.

Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (ИФФХС) е основана во март 1984 година во Лајпциг, Германија. Во ИФФХС се застапени повеќе од 211 земји од целиот свет, од сите фудбалски континенти. Главната цел на ИФФХС е хронолошка документација на светските фудбалски резултати, податоци и информации поврзани со фудбалот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови