Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година загуби од Италија со 0-1 во квалификациите за ЕП 2027. Мечот се одигра на стадионот “Петар Милошевски” во Битола пред 8.000, во убава атмосфера.

Младите “аѕури” успеаја да слават иако поголем дел од натпреварот го одиграа со играч помалку, поради исклучувањето на Брандо Моруци во 25.минута. Тој стартуваше од зад грб кога Матеј Гаштаров ја одзеде топката о тргна сам кон противничкиот голман. Моруци заслужи најмалку жолт картон, а тоа беше негова втора опомена со оглед дека пожолте првпат осум минути претходно.
Сепак, Италија со десетмина стигна до водство десет минути по исклучувањето на Моруци.
По еден прекин, топката дојде на вториот дирек до Лука Маријанучи, тој ја испрати во спротивниот долен агол од голот на Васко Василев.
А кога Италија ќе има водство, знае како да го задржи. Таа лекција добро ја научила и оваа генерација на младите “аѕури”.
Селекторот Горан Станиќ се обиде со неколку замени во вториот дел, во игра ги уфрли Дашмир Елези, Мартин Ѓорѓиевски, Мухамед Елмас, но на теренот не беше премногу видливо дека Македонија има играч повеќе. Со удари од далечина се обидоа Данев, Гаштаров, Николовски, а најблиску до погодок беше Меметриза Хамза, но италијанскиот голман Едоардо Мота го одбрани.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













