
Македонскиот женски фудбалски шампион, ЖФК Љуботен, испиша златна страница во својата историја, освојувајќи го квалификацискиот турнир во Скопје со импресивна победа од 4-0 над ерменскиот Пјуник.
По стартната победа од 4-1 против Рунавик, тимот од Тетово повторно блесна, а главната ѕвезда на натпреварот беше неверојатната Хава Мустафа, која ја запиша целата голеада зад своето име.
Мустафа го отвори резултатот во 39. минута, а во второто полувреме продолжи во иста низа: 2-0 во 55.минута, па уште два гола во самата завршница – во 89. и 96. минута, со што го заокружи своето ремек-дело и ја потврди доминацијата на Љуботен.
Со оваа победа, ЖФК Љуботен обезбедија пласман во втората квалификациска фаза од Лигата на шампионите. Таму ги очекува уште поголем предизвик – првиот ривал ќе им биде шведскиот гигант Розенгард, а турнирот ќе се игра во Белгија.
Љуботен не само што постави нови стандарди во македонскиот женски фудбал, туку покажа и дека има потенцијал да се мери со европските сили. Следува нова страница во европската приказна на тетовските хероини.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
