Connect with us

Историски ден за Каират, преку пенали до групите во ЛШ

Фудбалерите на Каират приредија големо изненадување и првпат во историјата на клубот се пласираа во Лигата на шампионите, откако во плеј-офот по пенали (3-2) го елиминираа шкотскиот шампион Селтик. Првиот натпревар во Глазгов заврши без голови (0:0), а истиот резултат беше забележан и во реваншот во Алмати по 120 минути игра.

Херој на натпреварот беше 21-годишниот голман Темирлан Анарбеков, кој одбрани три пенали и го отвори патот на Каират кон елитното европско натпреварување.

Мечот не беше спектакуларен за гледање поради високата тактичка претпазливост на тренерите Брендан Роџерс (Селтик) и Рафаел Уразбахтин (Каират). Најблиску до гол Каират беше во 54. минута по ударот на Жоржињо, додека Селтик имаше шанса во 86. минута преку Даизен Маеда, но не успеа да постигне гол.

Со овој успех, Каират стана втор клуб од Казахстан кој обезбеди место во главната фаза на Лигата на шампионите, по Астана во сезоната 2015/16.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови