
Вардар е на апарати како никогаш во историјата. Дури ни онаа фамозна фузија со Миравци не беше вака драматична. Најтрофејниот македонски клуб на две седмици пред стартот на пролетниот дел од првенството ги нема стартувано подготовките. Нема тим, можеби и нема да може да состави 12 професионални фудбалери кои се услов за настап во Првата лига. Нема ниту тренер, нема ниту раководство…Речиси и да нема клуб.
Ги има само навивачите, верните Комити кои отпочнаа акција „Купи билет за спас на Вардар“ и илјадниците симпатизери кои се „тресат“ дали воопшто ФК Вардар ќе продолжи да живее.
Ако требаше вака да го измачува и да го одведе до самото дно, подобро ќе беше рускиот тајкун Сергеј Самсоненко и никогаш да не го преземе Вардар. Синоќа истече рокот што самиот го даде, преку неговиот долгогодишен извршен директор Самоил Симев, дека долговите во износ од околу 2,4 милиони евра ќе бидат подмирени до 31 декември.
Денеска е 1 февруари и темни облаци се над најтрофејниот клуб. Фудбалерите не сакаат да стартуваат без да добијат исплата, премногу долго беа сведоци на одложувања и „лаги“ – денес, утре…ќе има исплата.
Во меѓувреме, Градот Скопје очекува Сергеј Самсоненко да ги плати долговите и да го врати клубот како и што го зема, на позитивна нула, а потоа да се бара нова солуција за Вардар да продолжи да живее. Навивачите се најактивни и покажуваат дека многу повеќе од сите други им значи клубот. Купуваат виртуелни билети за првиот меч од пролетната полусезона, а тоа би можело да донесе околу 50.000 евра. Но, тоа е само капка во океанот од долгови, доколку Сергеј Самсоненко не го врати огромниот долг од 2,4 милиони евра.
Уште малку и деновите до почетокот на пролетниот дел од првенството во Првата фудбалска лига ќе се бројат на две раце. Ако Вардар не се појави на теренот, за жал, ќе мора административно да биде исфрлен во најнизок ранг на натпреварување !

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Баерн ги растури аматерите од Оукленд

Евро-фудбал
Арсенал повторно се фокусира кон Оли Воткинс

Интернационалци
Аријан Адеми пред потпис со Ујпешт

Евро-фудбал
Тотенхем ќе го откупи Матис Тел од Баерн Минхен

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го купи Тер Штеген
