Connect with us

Исник Алими замина од Сепси и потпишува за кинескиот Далијан

Македонскиот репрезентативец Исник Алими официјално се раздели со романскиот клуб Сепси и ја продолжува својата кариера во кинескиот второлигаш Далијан Јингбо.

Алими, кој имаше одлични настапи во Сепси и за македонската репрезентација, доби примамлива понуда од Кина, која не можеше да ја одбие, па реши да направи преселба на Далечниот Исток.

„Со ова официјално потврдуваме дека Исник Алими ќе продолжи со својата кариера во кинескиот клуб Далијан Јингбо. Му благодариме за неговиот внесен труд и успех во дресот на Сепси и му посакуваме се најдобро во иднина“ – се вели во соопштението на Сепси.

Алими во кариерата беше дел и од Габала, Шибеник, Римини, Виченца, Форли и Аталанта (каде не имаше настапи), а играл и за Лумецане, Киево и Новиград.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови