Фудбалерот на романскиот прволигаш Сепси, Исник Алими, за првпат беше стартер во селекцијата на Македонија, откако претходно дебитираше против Италија. Ќе го памети по убаво дуелот со Малта и триумфот од 0-2.
„Да бидам искрен и јас бев изненаден од повикот на селекторот Милевски, но со многу желба ја прифатив поканата и сега сум навистина пресреќен што сум одлично прифатен во соблекувалната. Овој натпревар со Малта секако е посебен за мене затоа што првпат бев стартер. Мора да го истакнам и дебито против Италија и одличниот резултат против европскиот шампион. Убаво е навистина чувството после една ваква победа. Можеби и ние самите не очекувавме дека ќе имаме предност од 0-2 веќе на полувремето, но максимално се подготвувавме за овој меч. Посакувавме три бода и го исполнивме планот“, изјави Исник Алими.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













