Connect with us

Исаксен го уништи Наполи на „Диего Марадона“ (ВИДЕО)

Лацио повторно го победи Наполи, овојпат во првенствен натпревар, славејќи со 0-1 на стадионот „Диего Армандо Марадона“ во Неапол. Само неколку дена по елиминацијата на Наполи од Купот на Италија, Лацио уште еднаш извојува важна победа, благодарение на голот на Густав Исаксен постигнат во 79. минута.

Со овој пораз, Наполи ја загуби лидерската позиција во Серија А, која сега ја презема Аталанта.

Лацио има 31 бод и моментално се наоѓа на петтото место на табелата, со три бода помалку од водечката Аталанта.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови