Иранците бараат САД да бидат исфрлени од турнирот во Катар, а притоа и Американците да добијат и суспензија од десет натпревари, повикувајќи се на правилник на ФИФА. Ова во пресрет на утрешниот меѓусебен дуел за пласман во осминафиналето на СП.
Причина за ваквото барање е што Американската фудбалска федерација објави знаме на Иран на социјалните мрежи, но без исламските обележја.
„Во непрофесионален чин, Инстаграм страницата на Американската фудбалска федерација го отстрани од нашето знаме делот испишан на арапски јазик. Иранскиот фудбалски сојуз со писмо до ФИФА официјално бара да се испрати сериозна опомена до САД и исфрлање на нивната репрезентација од Мундијалот, со суспензија од десет меча, според правилата на ФИФА“ – пренесува иранската државна агенција, ИРНА.
Знамете стоеше 24 часа на социјалните мрежи. Американскиот Стејт Департмент соопшти дека нема никаква врска со постот на сојузот.
„Очекуваме мирен натпревар и борбен во духот на спортот на терен. САД ќе продолжи да бара начини за поддршка на иранскиот народ во соочувањето со државно-спонзорираното насилство над жените и бруталната репресија над демонстрантите“, се вели во соопштението од Стејт Депарментот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Евро-фудбал
Легендата на Ливерпул заврши на интензивна нега
Евро-фудбал
Арне Слот ја откри судбината на Мохамед Салах
Млади репрезентации
Македонија У18 на двата теста поуспешна од врсниците од Црна Гора
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













