
Интер загуби со 0-2 од Баерн Минхен на стартот од Лигата на шампионите. Тоа може да биде и кобно, со оглед дека во “групата на смртта“ се уште и Барселона и Плзен. Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, призна дека германскиот првак беше подобар ривал, а Интер морал да биде перфектен за да стигне до позитивен резултат.
„Наидовме на одличен тим, еден од најдобрите во Европа во моментов. Моравме подобро против Кимих, како тим да го запреме првиот гол. Џеко и Кореа имаа можности да постигнат гол и да не вратат во игра, но против Баерн треба да бидеш совршен за да победиш, а ние не бевме. За првиот гол имаше двајца наши играчи околу Кимих кои требаше подобро да го блокираат. Тој имаше премногу време и простор да го изведе тоа додавање. Натпреварот беше отворен, не требаше да примиме гол во 67. минута“, истакна тренерот на Интер, Симоне Инзаги.
Интер во следното коло му гостува на Плзен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski