Connect with us

Инзаги: Ова е огромен успех за Интер, а ќеифот е уште поголем зошто го елиминиравме Милан

Интер е во финалето на Лигата на шампионите откако двапати го совлада градскиот ривал Милан во големата градска полуфинална пресметка. За „нероаѕурите“ ова е прво финале во елитното европско натпреварување по 2010 година, остварено со генерацијата во која беше и Горан Пандев, предводена од Жозе Мурињо.


Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, е пресреќен по големиот успех.

„Ова е голем, огромен успех за Интер. Но, работевме напорно и никогаш не престанавме да веруваме во остварување на нашиот сон. Дури во наредните неколку дена ќе сфатиме што постигнавме. Навивачите можат да бидат среќни, за нив секако значи многу што го елиминиравме градскиот ривал Милан. Ги победивме четири пати по ред оваа сезона. Можам само да им честитам на фудбалерите за неверојатната посветеност и одличните настапи“, изјави Инзаги.

Интер во финалето на ЛШ ќе го очекува победникот од втората полуфинална пресметка меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити. Реваншот се игра вечерва на „Итихад“, а првиот дуел заврши 1-1.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови