Connect with us

Инзаги: Ќе ми биде чест да се сретнам кај аут линијата со Жозе Мурињо

Кариерата на Жозе Мурињо зборува сама за себе и Интер ќе мора да даде се од себе за да ги победи Рома и нејзиниот португалски менаџер, изјави тренерот на „нероаѕурите“, Симоне Инзаги.


Шампионот на Италија, Интер, е без пораз на последите десет натпревари во сите конкуренции пред саботното гостување во „вечниот град“, а оваа серија овозможи да се искачи на третото место во Серија А, со два бода помалку од лидерот Наполи.

Мурињо е исклучително почитувана личност во историјата на Интер, откако ја постигна славната тројна круна во 2010 година, освојувајќи ги трофеите во Лигата на шампионите, првенството на Италија и во националниот Куп.

„Ќе ми биде задоволство да се сретнам со тренер кој освоил тројна круна со Интер. И за него ќе биде посебно да се соочи со Интер. Неговата кариера говори многу. Жозе Мурињо е одличен!”, изјави Симоне Инзаги.


Емоции ќе има и за Инзаги, кој пет години го водеше Лацио, најголемиот градски ривал на Рома. Тој се пресели во Интер пред почетокот на оваа сезона.

„Ова повеќе не е мое дерби, бидејќи 100 отсто сум ангажиран во новиот предизвик наречен Интер. Но, каков и да сте, треба да покажете одличен карактер кога играте на стадионот Олимпико. Ова е најважниот натпревар во оваа низа од нашиот календар. Рома има одличен квалитет, па мораме да го покажеме вистинскиот лик на Интер“, дополни тренерот на миланскиот тим.

Инзаги објасни дека во Интер нема криза во одбраната, иако Матео Дармијан, Андреа Ранокија, Александар Коларов и Стефан де Фрај се повредени, а Алесандро Бастони се опоравува од болест.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови