Интер беше голем фаворит на гости против Специја, но не ја оправда улогата и за првпат во историјата загуби од овој ривал со 2-1.
Лаутаро Мартинез немаше своја вечер и не реализира пенал во 13.минута откако голманот Драговски го одбрани неговиот удар.
Во вториот дел, Специја од првиот шут кон голот на Интер дојде до водство. Нзола го проигра Даниел Малдини, кој погоди во 55.минута.
Во 83.минута беше досуден пенал за Интер по прекршокот над Дамфрис, а го реализираше Ромелу Лукаку.
Но, само четири минути подоцна Дамфрис направи пенал во својот шеснаесетник, а во триумф го претвори Нзола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













