Интер вечерва на „Џузепе Меаца“ без мака ја победи екипата на Комо со убедливи 4-0 во натпревар од 14. коло во Серија А, со што повторно се врати на врвот на табелата. Тука ќе останат таму барем до утрешниот дуел меѓу Наполи и Јувентус или до понеделник, кога Милан ќе гостува кај Торино. Ова е нивна десетта победа сезонава, со што „нероаѕурите“ стигнаа до 30 бодови, додека Комо останува на шестата позиција со 24 поени.
Интер уште од самиот старт покажа дека е фаворит. Во третата минута Лаутаро Мартинез одлично го проигра Барела, кој излезе сам пред голманот, но ударот беше одбранет. Само осум минути подоцна стигна водството – Луис Енрике проби по десната страна и идеално му асистираше на Лаутаро, кој со прецизен шут од десетина метри го отвори резултатот.
Потоа следеше нешто посмирена игра, но Интер продолжи да ја контролира топката и да го диктира темпото. Вториот гол падна во 59. минута, по корнерот на Ачерби. Во големата мешаница во шеснаесетникот најспретен беше Маркус Турам, кој одблиску ја протна топката во мрежата за 2-0. Пет минути подоцна Димарко постигна убав гол од работ на шеснаесетникот, но истиот беше поништен поради офсајд на Барела.
Најубавата акција на мечот се случи во 81. минута. Интер со агресивен пресинг ја освои топката длабоко на половината на Комо; Барела ја започна акцијата, Лаутаро и Мхитарјан ја продолжија, а Ерменецот несебично му додаде на Чалханоглу. Турскиот ас со силен и прецизен удар од 17 метри ја зголеми предноста на 3-0. Во самиот финиш, по одличен продор на Димарко, Карлос Аугусто го постави конечниот резултат – убедливи 4-0 за Интер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal













