Connect with us

Интер се засили со Луис Енрике

Интер официјално го потврди трансферот на Луис Енрике од Олимпик Марсеј.


Бразилецот пристигна од Олимпик Марсеј за 25 милиони евра и ќе го засили нападот на Интер во новата сезона. Луис Енрике, кој има само 23 години, игра на позицијата десно крило и минатата сезона имаше сериозен ефект: 9 гола + 10 асистенции на 35 меча!

Новиот тренер на Интер, Кристијан Киву, верува дека токму тој ќе донесе свежина и брзина во нападот, а „нероаѕурите“ со овој потег јасно порачаа – одиме на трофеи.

Но тука не запираат. Интер има план и за засилување во одбраната – приоритет е младиот Џовани Леони од Парма. Има само 18 години, но Киву го знае одлично од претходно и сака да го види во тимот. И Бепе Марота е на иста бранова должина – сакаат да го доведат овој потенцијал на „Џузепе Меаца“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови