Connect with us

Интер се врати од „мртвите“ и го победи Торино (ВИДЕО)

Интер имаше негатива од 0-2 против Торино по еден час игра, но потоа влезе во голгетерски ритам, се врати од „мртвите“ и постигна четири гола за триумф од 4-2. 

Симоне Заза на самиот крај од првиот дел ја затресе мрежата на Хандановиќ, а Ансалди во 62.минута зголеми на 0-2. Но, потоа Интер експресно се врати. Алексис Санчез во 64. и Ромелу Лукаку во 67.минута израмнија на 2-2. Белгиецот Лукаку од пенал се погрижи за пресврт, а потоа и му асистираше на Лаутаро Мартинез кој ги постави конечните 4-2.    

Сасуоло е на врвот во Серија А со 18 освоени бода, по победата на гости против Верона. Жереми Бога и Доменико Берарди беа стрелци на головите за Сасуоло.

Рома немаше проблеми против Парма и славеше со 3-0. Двоен стрелец беше Хенрик Мхитарјан, а погоди и Борха Мајорал.

Болоња оствари триумф на гости против Сампдорија (1-2). 

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови