
Двајца дефанзивци на Интер, Дензел Думфрис и Стефан де Фрај, ќе бидат надвор од терените поради повреди на мускулот. Тие ќе паузираат околу 20 дена, пренесува „Скај Спорт Италија“.
Холандските фудбалери се повредија во неделната победа над Наполи (0-3) во Серија А.
„Стефан де Фрај и Дензел Думфрис ги поминаа медицинските прегледи по повредите што ги добија во неделата вечерта“, објави Интер, откривајќи дека станува збор за повреди на мускулот.
Марко Арнаутовиќ, кој го повреди прстот на натпреварот со Наполи, следните неколку натпревари на Интер ќе ги игра со помагало, но ќе биде на располагање.
Се очекува Алесандро Бастони да се врати во игра за миланскиот гигант за саботниот меч со Удинезе, додека Бењамин Павар останува надвор од терените најмалку уште две недели.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Карерас е новиот „крал“ во Мадрид

Евро-фудбал
Лука Модриќ официјално е нов играч на Милан

Евро-фудбал
Душан Тадиќ пред трансфер во Атлетико Мадрид

Интернационалци
Чешмеџиев потпиша за Радник Бијелина

Интернационалци
Столе Димитриевски се сели во Леванте?

Евро-фудбал
Наполи го договори и Вања Милинковиќ-Савиќ

Евро-фудбал
Наполи ја засили одбраната со Сам Бојкема

Прва лига
Филип Купанов на голот на Башкими
