Connect with us

Интер купува играч на Салернитана

Интер упатил официјална понуда од 21 милион евра до Салернитана за Бразилецот Едерсон, информираат медиумите на Апенините. Тој има 22 години и игра на позицијата дефанзивен играч за врска.


Едерсон е желба на тренерот Симоне Инзаги. Тој пристигна во Серија А пред само неколку месеци, минатата зима, откако клубот од Салерно за него плати 6,5 милиони евра на Коринтијанс.


За Салернитана одигра 15 натпревари во првенството на Италија, постигна два гола и забележа една асистенција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови