Фудбалерот на Интер, Хакан Чалханоглу, ќе биде надвор од терените околу три недели поради повреда, објавија италијанските медиуми.
Турскиот играч од средниот ред се повреди во финалето на Суперкупот на Италија против Милан, каде што Интер загуби со 2-3. Чалханоглу мораше да го напушти натпреварот по само половина час игра поради повреда на бутниот мускул.
Иако започна со индивидуални тренинзи, тој се пожали на болка во листот, по што беше детално прегледан. Прегледите потврдија повреда на мускулот на листот, што дополнително го пролонгира неговото враќање на теренот.
Според „Скај Италија,“ се очекува Чалханоглу да отсуствува најмалку две до три недели. Тој ќе ги пропушти натпреварите против Болоња, Емполи, Спарта Прага и Лече, а неговото учество на дуелот со Монако во Лигата на шампионите на крајот од месецот останува неизвесно.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Наполи „заглави“ дома против Парма
Евро-фудбал
Ливерпул нуди 184 милиони евра за Џуд Белингам!
Евро-фудбал
Дарвин Нуњез доаѓа во Фенербахче?













