Интер и Милан вечерва ќе се соочат во големото градско „Дерби дела Мадонина“, во битка за „скудетото“ во Серија А. „Нероаѕурите“ влегуваат како фаворити во дуелот со серија од 14 натпревари во Калчото без пораз. На тренерот Симоне Инзаги, кој рече дека нема фаворити во вакво легендарно дерби, му недостига само новото засилување Робин Госенс, како и Хоакин Кореа кој е повреден веќе еден месец.
Италијанскиот шампион има четири бода предност пред градскиот ривал и Наполи, а има и натпревар помалку од двата ривали.
Ситуацијата со „росонерите“ е многу покомпликувана, бидејќи ѕвездата на тимот Златан Ибрахимовиќ нема да настапи на дербито. Надвор од тимот на Стефано Пиоли се и Симон Кјаер, кој ќе паузира цела сезона, другиот стандарден дефанзивец Фикајо Томори, како и хрватскиот крилен играч Анте Ребиќ. Пред неколку дена од Африканскиот куп на нации се врати Френк Каеи, кој се очекува веднаш да добие место во стартниот состав.
Првото дерби на Милано оваа сезоната заврши 1-1 и понуди многу емоции, особено околу Хакан Чалханоглу, кој летото го замени дресот на Милан со Интер. Јасно е дека и денешниот градски дуел ќе понуди фудбалска страст и динамика.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут
Евро-фудбал
Лотито повика свештеник да му помогне на Лацио
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













