Интер веќе одлучи да не влегува во преговори со Челси за обновување на позајмицата на напаѓачот Ромелу Лукаку, кој на лето ќе се врати на Стемфорд Бриџ, пишува „Газета дело Спорт“.
Раководството на клубот смета дека Белгиецот не ја оправдал инвестицијата од 20 милиони евра за оваа сезона. Лукаку има седум гола на 24 настапи во сите натпреварувања оваа сезона, а само три се од игра, останатите од пенал.
Затоа, „нероаѕурите“ претпочитаат да бараат нов напаѓач на негово место. Двајца од нив се идни слободни агенти, Роберто Фирмино од Ливерпул и Маркус Турам од Борусија Менхенгладбах. Друга опција е италијанскиот интернационалец Матео Ретеги од Тигре, а Интер моментно води во трката за неговиот потпис и ќе треба да плати 18 милиони евра за да го придобие 23-годишниот играч.
Последната опција е уште еден напаѓач на иста возраст , Лоис Опенда, кој оваа сезона за Ленс постигна 15 гола на 31 настап во Лига 1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци
Евро-фудбал
Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах
Евро-фудбал
Рафиња се врати на тренинзите на Барселона













