Италијанскиот калчолигаш Интер ја одреди цената за најдобриот фудбалер, белгискиот интернационалец Ромелу Лукаку. Клубот настојува да го задржи на „Џузепе Меаца“ и во наредниот период, но за него секогаш постои интерес од другите големи европски клубови.
Лукаку би можел да замине од Милано само доколку некој клуб плати отштета од 120 милиони евра. Во моментот, најзаинтересиран клуб за Белгиецот е англискиот премиерлигаш Манчестер Сити. Пеп Гвардиола бара решение за напаѓачката позиција откако Серхио Агуеро најави дека ќе го напушти „Итихад“ на крајот од сезоната.
Покрај Манчестер Сити, и Барселона е заинтересирана за Лукаку иако прва опција за новото раководство е ангажманот на Ерлинг Халанд.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими













