Connect with us

Интер даде понуда, но Рома се уште молчи за Дибала

Италијанскиот калчолигаш Рома се уште нема доставено понуда за Дибала и најверојатно ќе се откаже од намерата за негов ангажман. Аргентинецот засега добил конкретна понуда само од Интер. Договорот е на три години, а висината на приходите се уште не е позната, иако се претпоставува дека се движи околу 7 милиони евра.

Рома полека се повлекува од преговорите за досегашниот офанзивец на Јувентус.

Изминатава сезона Пауло Дибала постигна 15 гола на 39 натпревари во дресот на „старата дама“. Со клубот од Торино освои пет шампионски титули на Италија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови