Новиот италијански првак Интер нема лесно да се откаже од дел од најдобрите фудбалери иако финансиската состојба во клубот наложува на продажба за да се санираат штетите од пандемијата со коронавирусот. Еден од оние за кои има голем интерес е десниот бек Ашраф Хакими. Францускиот гигант Пари Сен Жермен е заинтересиран да го доведе на „Паркот на принцовите“ и прегоговите се во тек.
Сепак, од Италија доаѓаат информации дека Интер бара огромна отштета за Хакими. Раководството на „нероаѕурите“ го проценува мароканскиот интернационалец на 80 милиони евра, двојно повеќе од сумата што ја плати на Реал Мадрид за негово доаѓање во Милано.
ПСЖ е сериозно заинтересиран за Хакими, но очигледно дека ова е преголема сума и за „светците“. Преговорите ќе се интензивираат во наредните неколку дена.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













