Барселона во јануари би можела да го ангажира дефанзивецот на Атлетик Билбао, Ињиго Мартинез, пренесува „Мундо Депортиво“. Одлуката на Жерар Пике да се пензионира среде сезона не го изненади каталонскиот клуб, кој подолг период преговараше со шпанскиот репрезентативец.
Ињиго Мартинез има договор со Атлетик Билбао до летото 2023 година, а Каталонците ќе се обидат да го доведат и во јануари, доколку на тоа се сложи неговиот сегашен клуб.
Ињиго Мартинез дојде во Атлетик Билбао во јануари 2018 година. Сезонава одигра осум натпревари за шпанскиот клуб и нема постигнато гол.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski