Претседателот на фудбалскиот клуб Анкарагучу, Фарук Коџа, извршил дејствија против судијата на натпревар од турското првенство, на кои не им е местото во фудбалот, објави претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, на својот Инстаграм профил.
„Нема место за насилство во фудбалот – на или надвор од теренот. Настаните по натпреварот од турското првенство се целосно неприфатливи и немаат место во нашиот спорт или општество. Судиите, играчите, навивачите и официјалните лица мора да бидат безбедни за да уживаат во играта. Ги повикувам надлежните органи да преземат мерки за да се обезбеди ред и мир на сите нивоа“, напиша Инфантино.
Претседателот на фудбалскиот клуб Анкарагучу, Фарук Коџа, втрча на теренот и го удри судијата Халил Умут Мелер по натпреварот (1-1) Ризеспор во турското фудбалско првенство.
Коча веднаш по последниот судиски свиреж влезе на теренот и го удри судијата Халил Умут Мелер со тупаница во лицето. Паднатиот судија потоа беше клоцан од други претставници на клубот, навивачи и играчи на Анкарагучу. Мораше да интервенира обезбедувањето. Судијата е пренесен во болница.
Турската фудбалска федерација ги прекина сите првенствени натпревари до понатамошно известување.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Арне Слот ја откри судбината на Мохамед Салах
Евро-фудбал
Рафиња ја „среди“ Осасуна (ВИДЕО)
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати
Млади репрезентации
Македонија У18 на двата теста поуспешна од врсниците од Црна Гора













