
Џани Инфантино, претседателот на ФИФА, го поддржа играчот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор и го осуди новиот чин на расизам против овој бразилски репрезентативец.
„Изразувам целосна солидарност со Винисиус. Нема место за расизам ниту во фудбалот, ниту во општеството, а ФИФА цврсто стои на страната на сите играчи кои ќе се најдат во таква ситуација“, изјави Инфантино.
Винисиус се соочи со дополнителни расистички напади за време на гостувањето на Реал Мадрид кај Валенсија викендов, што беше само продолжение на срамните ситуации во кои често се наоѓа Бразилецот во текот на актуелната сезона. Неколку хулигани од други шпански прволигаши исто така расистички го нападнаа Винисиус Јуниор претходно.
„Би сакал во тие моменти да се почитува протоколот на ФИФА. Прво прекинете го натпреварот. Потоа фудбалерите го напуштаат теренот и главниот најавувач на стадионот најавува дека натпреварот ќе биде прекинат доколку продолжат расистичките напади. Потоа натпреварот продолжува и доколку се повторат нападите, судијата дефинитивно го прекинува натпреварот, а три бода добива противничкиот тим“, додаде Инфантино.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
