Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20.45 часот) ќе ѝ гостува на Белгија во Гент во многу важен натпревар од квалификациите за пласман на Светското првенство.
Ова ќе биде шести меѓусебен дуел меѓу Македонија и Белгија, а статистиката е на страната на Белгијците – ние сè уште немаме победа, но имаме еден резултат кој ни дава причина за гордост.
Тоа се случи во далечната 1994 година, кога македонската репрезентација беше сосема нова, предводена од легендарниот Андон Дончевски како селектор. Тогаш одигравме 1-1 против Белгија во Брисел.
Белгија поведе со гол на Верхејен во 32. минута, а Зоран Чоко Бошковски израмни осум минути по почетокот на второто полувреме.
За Македонија тогаш играа: Целески, Јаневски, Јовановски, Марковски, Најдоски, Станојковиќ, Стојковски, Б. Ѓуровски, Т. Мицевски, Бошковски, М. Ѓуровски (замени: Серафимовски, Канатларовски).
Последниот дуел меѓу Македонија и Белгија исто така заврши 1-1 и беше одигран на Арената „Тодор Проески“ во јуни.
Останатите три меѓусебни натпревари ги загубивме: во 1995 година Белгија ни одржа вистинска фудбалска лекција во Скопје со победа од 5-0, а во 2013 година имавме две пресметки – на наш терен Белгија победи со 2-0, а во Брисел загубивме со минимални 1-0.
Во денешниот натпревар Македонија ќе влезе од првата позиција, со бод повеќе од Белгија, но со еден натпревар помалку. Овој дуел е клучен за пласман на Светското првенство.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













