Работнички утре (16 часот) гостува во Тетово и ќе ги одмери силите со Ренова во петтото коло од Првата фудбалска лига. По четири одиграни натпревари и двата тима освоија по седум бода, а дефанзивецот Бојан Илиевски очекува тежок и неизвесен натпревар.
„Ренова е квалитетен тим кој дополнително се засили во преодниот рок и добро ја започна новата сезона. Играат цврсто, посебно на домашен терен и не дозволуваат често да се тресе нивната мрежа. Очекувам тежок и неизвесен натпревар утре во Тетово во кој една грешка или еден добар потег би можеле да бидат решавачки за резултатот. Што се однесува до нас, Работнички е подготвен за надигрување, веруваме дека ќе одиграме на потребното ниво и дека ќе ги исполниме задачите што ќе ги постави шефот на стручниот штаб Александар Влахо. Ако го сториме тоа, верувам дека можеме да оствариме позитивен резултат“, вели Бојан Илиевски за официјалниот сајт на „романтичарите“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
Евро-фудбал
Пиоли пред отказ во Фиорентина
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата













